Холандски диџеј и продуцент со настап во живо во Капан Ан

Во петок (21 март) во Капан Ан во Скопје доаѓа холандскиот музичар Lapien, со неговиот електро проект Metropolis.

Холандски диџеј и продуцент со настап во живо во Капан Ан

Lapien или Metropolis е едно од најсвежите имиња во електронската музичка индустрија кој во моментов живее и работи во Берлин и со своите многубројни изданија во релативно краток временски период, успева да го сврти вниманието на многумина диџеи и издавачки куќи кои будно го следат неговиот грув.

Lapien дебитира во 2009 година со својата прва плоча за британската издавачка куќа Bliq, а под псевдонимот Metropolis, се појавува на издавачки куќи како Other Heights, Field Records, Sequencias, Photic Fields. Со оваа серија на изданија, неговиот материјал беше топло дочекан во сетовите на Milton Bradley и многу други, а неговото издание за Other Heights беше номинирано за издание на 2013 година во њујоршката плоча Dope Jams. Заедно со Robin Koek, се кријат зад псевдонимот Artefakt. Песните „Other Sun” и „Mirror Society” се појавуваат на холандскиот техно лејбл Field Recordings, каде што техното се третира повеќе како арт форма, а не како нешто што само треба да функционира на подиумот. Нивната последна трака „Twilit” која неодамна се појави на Prologue Music.

Неговата инволвиранот на различните полиња на андергроунд денс сцената, допринесоа Lapien да биде препознаен по својот квалитет и иновативност, и не е случајност тоа што неговите диџејски и настапи во живо можат да се чујат низ многу клубови низ Европа. На 21 март, Drop Series го претставува неговото гостување во Скопје, на подиумот во клубот Капан АН, каде што публиката ќе го има задоволство да ужива во неговиот настап во живо. Домашна поддршка на овој настап ќе бидат резидентите Vidinovski и Mileskaya, додека за визуелниот дел ќе се погрижат Lazy Kidz Visuals.

Настанот во организација на скопската промотерска организација Drop Series почнува точно на полноќ, а влезниците кои можат да се купат на самата врата чинат 200 денари.