Холандската влада открила кампови за конверзиона терапија на ЛГБТИ+ лица

Петнаесет организации и поединци од Холандија нудат конверзиона терапија чија цел е хомосексуалците да ги „промени“ во хетеросексуалци, објавило министерството за здравство на Холандија. Конверзионата терапија може да е причина за сериозни психички проблеми.

Лечењето најчесто се одржувало во летни кампови и во работилници, истакнало министерството во истражување спроведено откако неколку застапници побарале да се забрани ваквата терапија.

„Во религиозен контекст, постојат неколку иницијативи, агенции и поединци кои се обвинети во ова истражување и кои неутрално велат дека се обидуваат да им помогнат на луѓето со не-хетеросексуална ориентација“, истакнало министерството.

Злобно, нехумано и понижувачко

Водечкиот специјалист на ОН, овој месец повика кон глобална забрана на конверзионите терапии, од советувања и молитви, па се до електричните шокови и сексуалното насилство, нарекувајќи ги овие процеси, злобни, нехумани и понижувачки.

Се поголем број на држави, вклучувајќи ги САД, Канада, Чиле и Мексико ги ревидираат своите закони. Бразил, Еквадор и Малта ја забранија конверзионата терапија со закон, додека Германија минатиот месец го забранила процесот за малолетници.

Холандското министерство најавило дека во наредните месеци ќе објави усште едно истражување со препораки и мерки кои треба да се преземат.

Истражувањето се состоело од онлајн прашалник на кој одговориле 239 ЛГБТИ+ личности. Околу 30% од нив се изјасниле дека искусиле конверзиона терапија.

Скоро сите потврдиле дека поради овој процес пателе од психички проблеми, вклучувајќи депресија, самоубиствени нагони, нарушувања на исхраната, сексуални проблеми и осаменост.

Извор: Index.hr