Холандија: Образованите луѓе повеќе возат велосипед

Едуцираните Холанѓани кои живеат во град почесто возат велосипед на кратки релации (до 7.5 километри) отколку луѓето со понизок степен на образование во оваа земја, покажува последното истражување на холандскиот завод за јавно здравје (RIVM), кое беше објавено вчера.

Паркинг за велосипеди во Амстердам

Според истражувачите, можна причина за ова е тоа што помалку образованите Холанѓани се уште го сметаат автомобилот за статусен симбол, па затоа почесто го бираат како превозно средство.

На сообраќајниот знак пишува: „Улица за велосипеди. Автомобилите се гости“

На сообраќајниот знак пишува: „Улица за велосипеди. Автомобилите се гости“

Исто така, истражувањето покажало и дека постојат разлики во навиките на возење велосипед меѓу мажите и жените. Додека мажите почесто возат за да стигнат до спортските центри, жените користат велосипед почесто за да одат на шопинг.

Министерот за надворешни работи Франс Тимерманс е еден од многуте политичари кои редовно користат велосипед

Министерот за надворешни работи Франс Тимерманс е еден од многуте политичари кои редовно користат велосипед

Во обемното истражување за мобилноста на жителите на северноевропската земја учествувале низа владини и невладини организации, кои испитале над 100.000 луѓе. Целта е да се промовира ткн. „активен транспорт“, пешачење или користење велосипед. Холандија е земјa во коja најмногу се користи велoсипед во светот. Според истражувањата, во земјата има повеќе велосипеди отколку жители, а дури 70 проценти од вкупниот транспорт во градовите како Амстердам и Хаг се одвива со велосипед.