Холандија ги затвора казнените установи бидејќи нема доволно затвореници

Холандската влада ги затвора казнено-поправните институции со голема брзина, само поради тоа што веќе нема доволен број на осудени криминалци да ги исполнат капацитетите.

Пет холандски затвори беше најавено дека ќе се затворат во 2016 година, а претходно биле затворени деветнаесет во 2014 и осум во 2009 година.

Криминалната стапка во државата паѓа за околу 0.9 проценти секоја години, а судиите даваат се помали казни. Тоа значи дека до 2021 година ќе нема потреба од дополнителни 3000 затворски ќелии и 300 кревети во малолетничките поправни домови.

Британски медиуми јавуваат и дека Норвешка праќа свои затвореници да ја отслужат казната во Холандија, бидејќи нивниот затворски систем е пренаселен, а Холанѓаните имаат многу место во затворите.