Холандија е првата земја што направи соларна патека за јавна употреба

Првата светска соларна велосипедска патека наскоро ќе биде достапна за употреба во Холандија. Велосипедската патека која ги поврзува амстердамското предградие во Кромени и Вормервир претставува 70 метри соларна патека што ќе се отвори за јавноста на 12 на ноември 2014 година.

Новиот соларен пат, кој чини три милиони евра, беше создаден како прв чекор од проектот на локалните власти кои се надеваат дека ќе се прошири до 100 метри до 2016 година.

Во иднина се очекуваат слични вакви проекти, со оглед на тоа дека земјата има намера да направи семафорите и електричните автомобили да користат соларни панели.

Холандија е првата земја што направи соларна патека за јавна употреба

Учениците и граѓаните сметаат дека велосипедската патека е многу корисна и убав дел од нивната секојдневна рутина. Дневно се проценува дека околу 2.000 велосипедисти би ја користеле патеката.

Патеката што е именуван од Холандската организацијата за применети научни истражувања како SolaRoad ќе се отвори следната недела. Таа е составена од редови на кристален силициум, кои се вградени во патеката и се покриени со проѕирен слој од стакло.

Поради тоа што патеката не може да се прилагодува на позицијата на сонцето, панелите ќе генерираат околу 30 проценти помалку енергија отколку оние кои се поставени на покривите.

Сепак, патеката е малку навалена за да ѝ овозможи на водата да тече подобро и да се постигне подобар агол на сонцето. Нејзините творци очекуваат да се генерира повеќе енергија откако патеката ќе се продолжи до 100 метри во 2016 година.

Извор: collective-evolution.com