„Хогар страшниот“ наполни 40 години

Омилениот стрип-јунак на многу генерации, Хогар Страшниот, наполни 40 години. Стрипот, чиј автор е американскиот цртач Дик Браун (1917 – 1988) за првпат бил објавен на 4 февруари 1973, по што постигнал брз успех и го освоил најголемите награди во светот на стрипот. По смртта на Дик Браун, цртањето и издавањето на стрипот го презел неговиот син Крис. „Хогар“ и денеска е еден од најпопуларните стрипови и излегува во стотици весници и списанија насекаде во светот. Во продолжение, наш избор од авантурите на Хогар Страшниот:

„Хогар страшниот“ наполни 40 години

„Хогар страшниот“ наполни 40 години