ХИВ вирусот кај деветгодишно дете во Јужна Африка се повлече поради раниот третман

Деветгодишно дете во Јужна Африка стана трет случај во светот каде на малолетник роден со ХИВ инфекцијата се повлекла, соопштија научници.

Детето имало здрав имунитет повеќе од осум години добивајќи краток третман на почетокот.

Истражувачите веруваат дека агресивниот третман по инфекцијата може да обезбеди долготрајна ремисија на болеста.

Луѓето заболени од ХИВ вирусит мора на дневна основа да користат антиретровирусна терапија во текот на целиот живот за да го контролираат напредокот на инфекцијата.

Но, стручњаците велат дека се изненади од резултатите на клиничкото испитување, презентирано на конференција во Париз. Детето сега нема потреба од никакви лекови.

Студијата е спонзорирана од Американскиот национален институт за алергија и инфективни болести, кој претходно откри дека раниот наспроти одложениот третман им помогнало на бебињата да преживеат.

Истражувачите не го откриваат идентитетот на малолетникот, но изјавија дека започнале со лекувањето кога детето имало два месеци и запреле 40 недели подоцна.

На деветгодишна возраст детето имало само мали знаци од вирусот во имунолошкиот систем, но без можност да се репродуцира.

Детето нема генетска мутација која дава природен отпор на ХИВ инфекцијата, велат истражувачите, така што ремисијата најверојатно се должи на раниот третман.

Приближно 18 милиони луѓе, половина од нив живеат со ХИВ низ светот, ја користат антиретровирусната терапија.