Хипстерска Барби се потсмева на совршениот живот на Инстаграм

На социјалната мрежа Инстаграм, се појави профилот @socalitybarbie на т.н. Хипстерска Барби што ги исмејува луѓето кои со филтрирани и доработувани фотографии прикажуваат дека водат совршен живот.

„На некој начин разочарувачки е во што прерасна социјалната мрежа. Тоа не е повеќе место каде ги споделуваме вистинските моменти“, изјави создавачот на овој профил.

И покрај тоа што тој не сака да го открие својот идентитет, има причина зошто фотографиите изгледаат неверојатни. Тој/таа повремено е фотограф на свадби и потекнува од Портланд, Орегон.

Фотографиите од Барби изгледаат прецизно направени.

„Повеќето фотографии кои ги гледате се добро испланирани и се направени да изгледаат 100 пати поубаво од какви што се. Животот што е претставен воопшто не изгледа како реалниот што го имаат“, додава анонимниот фотограф.

Од 1000 следбеници, профилот за само неколку недели доби повеќе од 900 000 следбеници. Во продолжение погледнете дел од „совршениот живот“ на Барби.