Хип-хопот му помага на менталното здравје, тврдат психијатрите

Социјалната организација „Хип-хоп Псајк“, основана од неврологот Беки Инкстер од Универзитетот Кембриџ, ја промовира употребата на овој хип-хоп музиката за зголемување на самодовербата и како помош при лекување на психичките проблеми како депресијата.

headphones

– Хип-хопот е многу поважен отколку што луѓето мислат. Пораснав во период на 90-тите, златната ера на хип-хопот. Сакаме работејќи со раперите и медицинските организации да го промовираме неговиот целосен потенцијал, изјави професорката Инкстер.

Доколку нејзиниот предлог биде усвоен, истражувачите ќе им нудат на пациентите специфична терапија, во која ќе можат да ги запишуваат своите чувства во хип-хоп облик.

– Хип-хопот, а посебно рапот, често носат порака која е многу посложена од она како луѓето ја доживуваат. Тоа го прави идеален медиум за помош на поединците подобро да ги разберат своите психички проблеми и да најдат решение за нив, вели Инкстер.

Извор: А1он/Guardian