Хип-хоп претставата „Црнила“ добива и винилно издание

Музичко-драмскиот перформанс „Црнила ремикс“, во изведба на „Организацијата“ и во продукција на Младинскиот културен центар, ќе биде ставен и на винилен носач на звук (ЛП-плоча), а концертната промоција е закажана за 8 февруари во МКЦ.

„Црнила ремикс – театар, Црнила ремикс – концерт, а од сега и Црнила ремикс – албум!“, стои во најавата за настанот.

На концертната промоција гости ќе бидат и Zad Agolot, Dj Oky Doky, Kup De Gras и Double G (Скопски Грув).

Настанот во МКЦ на 8 февруари е најавен од 21 часот.