Хи-Мен и Господарите на вселената се враќаат со нова епизода по 20 години

Хи-Мен и Господарите на вселената ќе заживеат во 21 век. Анимираната серија, која стана култна во 80-тите, има нова епизода, која премиерно ќе се емитува утре во Сан Диего, за време на целодневен настан посветен на стрип културата.

Цртаниот филм за првпат беше прикажан во 1983 година и се емитуваше до 1985 година, кога на неговото место дојде Ши-ра: Принцезата на моќта. Цртаниот беше откажан во 1986 година, после две сезони. Дејството во Хи-Мен се одвива на планетата Етернија, кој тој мора да ја заштити од лошиот Скелетор.

Во 1987 година, Гери Годард го режираше филмот „Господар на вселената“ во кој игра Долф Ландгрен во улога на Хи-мен, а Френк Лагела како Скелетор. Сепак, филмот се сметаше за неуспех, заработувајќи само 17, 3 милиони долари. Cartoon Network направи римејк на серијата во 2002 година, со дел од оригиналната екипа.

Новата епизода, со наслов „Проклетството на трите терори“ доби и трејлер, кој може да го погледнете во продолжение: