Хернан Катанео на „Широк сокак во бело”

Хернан Катанео на „Широк сокак во бело”Аргентинскиот диџеј Хернан Катанео  е ѕвездата која ќе допатува на третата битолска бела ноќ „Широк сокак во бело”, најавена во вторник (27 август).

Сите кафе барови на „Широк Сокак” во соработка со „Горила продукција” и „Фреш Јунион” за настанот кој ќе го затвори и обележи ова лето избраа во Битоа да допатува токму Катанео како еден од 20-те најдобри диџеи во светот во моментот.

Пред неговиот сет, публиката ќе ја загреваат домаќините Б.Маневич, Aцика, К.Петровски, Дејан Декс, Јански, Дениел и Горан Тех.

Настанот ќе се одржува низ целиот Широк Сокак, а во специјално бело издание, гостите ќе ги пречекуваат и „Кафе Ин”, „Игучи”, „Портал”, „Симбол”, „Конект”, „Чек Ин”, „Милениум”, „Папаз”, „Инстинкт”,,Еат & гоу -пица”.

Влезот е слободен, а белата боја е препорачана како дрес код.

Лани за белата ноќ во Битола ексклузивен настап имаше Дејвид Моралес, а годината пред тоа Кирил Џајковски. Сега организаторите с енадеваат дека гужвата ќе добие уште поголема димензија.