Хермајони Грејнџер прогласена за најдобар женски филмски лик

Холивуд е често критикуван за прикажување на женските ликови на стереотипен начин. Како начин да покаже дека има и поразлични женски ликови во филмовите, Hollywood Reporter неодамна спроведе интернет анкета за да ги открие омилените женски ликови во филмовите на своите испитаници.

Идејата е да се најде најдобриот лик, а не да се критикува најлошиот. Повеќе од 1800 испитаници ја одговориле анкетата, а според Hollywood Reporter, и мажите и жените одговориле во корист на истата хероина, Хермајони Грејнџер од сагата за Хари Потер.

Актерката Ема Вотсон, која ја толкуваше улогата во филмскиот серијал, а од 2014 година е амбасадор на добрата волја на Обединетите нации, вели: „Хермајони направи да биде возможно за девојчињата да бидат најпаметни во собата. Да бидат лидери, да бидат личноста која има план“.

Во книгите за момчето волшебник Хари Потер, Хермајони е најпаметниот ученик во Хогвартс, а често ги зачудува и своите професори со своето знаење. Токму таа е онаа која дава наредби, а кога ја надгласуваат Хари и Рон, често зажалуваат со таа одлука.

Уште една интересна работа, пишуваат медиумите, е што ликот е врзан и за актерката која го толкува. Како и Хермајони, Ема Вотсон се посвети себе си на противење на неправдата. Таа е амбасадор на добрата волја на ОН, а стана и симбол за феминизам и родова еднаквост.