Младите волонтери од ХЕРА: И сексуалните права се човекови права

ХЕРА: И сексуалните права се човекови праваСексуалните права се човекови права кои се однесуваат на човековата сексуалност. Корпусот на човекови права не може да биде целосно остварен без едновремено почитување на сите права, вклучувајќи ги и оние кои што се однесуваат на сексуалноста, пишуваат младите волонтери и активисти во ХЕРА по повод 20 декември се одбележува Меѓународниот ден на човековите права.

Во својот осврт за изминатата година, потсетуваат на бројните настани кои беа резултата на хомофобичната атмосфера во општество.

„Говорот на омраза кон лицата со различна сексуална ориентација и родов идентитет, лезбијки, геј, бисексулци, трансродови и интерсексуални, беше сè присутен. Но, во таква атмосфера хомофобијата не остана само некаде кажана или напишана. Хомофобијата роди и насилство кон оваа заедница, ЛГБТИ лицата во повеќе наврати беа предмет на физички напади. Целата таа хомофобична атмосфера беше пренесена и во највисокиот законодавен дом, преку расправата за уставни измени и дефинирање на бракот. Одговорот на државните институции кон оваа ситуација беше еден – молк. Но молкот, не менува ништо, туку само го продлабочува проблемот и го легитимира насилството“, се наведува во младинската изјава од ХЕРА.

Новиот закон за прекинување на бременоста, додаваат од оваа организација, ги ограничи правата на жените.

„Законот кој што директно влијае врз животот и здравјето на девојките и жените, без никакво објаснување беше поднесен во законодавниот дом по итна постапка. Пораката беше повеќе од јасна, од некој во оваа држава правата може да бидат ограничени за само неколку дена, а што е „најдобро“ за жените ќе определи државата. Овој закон беше донесен, телесниот интегритет на жените ограничен, а како резултат девојките и жените кои што имаат потреба од оваа медицинска интеревенција се жигосуваат преку втурнување во админстративни лавиринти. Сето ова дополнето со владини реклами кои чинат милиони, девојките уште повеќе се стигматизираат, единствено поради тоа што донеле одлука за своето сопствено тело. А вистинкото планирање на семејството е исто така недостапно, затоа што за најголемиот дел од граѓаните од контрацептивните средства сè сеуште скапи, а држвата не ги овозможува преку државниот буџет.“

Волонтерите посочуваат дека на младите во Македонија им е потребно сеопфатно образование кое што пред сè ќе им ги пренесе вредностите базирани на човекови права, вредности кои што ќе им помогне да имаат отворени и толерантни ставови, образование кои што ќе ги понуди вистинските и научно базирани информации. Потсетуваат и дека иницијативата за сеопфатно сексуално образование беше отфрлена, а младите остануваат без релевантни и целосни информации за сопственото тело, сексуалноста и здравјето.

„Секојдневните примери на ограничувања, јавното охрабрување на кршење на човековите права поврзани со сексуалниот и репродуктивниот живот и затворање на сите аргументирани дебати нема да нè обесхрабрат во нашата работа како млади луѓе. Некаде ќе продолжиме, некаде ќе почнеме од почеток, но сепак таа работа и понатаму се однесува на градење на општество кое се заснова на еднаквост за сите, во кое младите имаат можност да се информираат за се што ги интересира и имаат право и слобода да донесуваат самостојни одлуки“, сметаат од ХЕРА.