Повик за текстови – Хелсиншки комитет стартува со е-магазинот „Има ли будни…“

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија со поддршка од Амбасадата на Република Германија во Скопје започна со реализација на младинскиот е-магазин за човекови права насловен „Има ли будни…“ www.imalibudni.mk . Целта на создавањето на магазинот е да им се даде простор на младите слободно да се изразат и да ги изнесат своите ставови за општеството во кое живееме.

Магазинот се реализира од страна на извршната канцеларија на Комитетот и алумни членовите на младинската група со посветеноста ќе се грижат првото, а и секое наредно издание да биде соодветно уредено и достапно на повеќе јазици. Хелсиншкиот комитет би сакал да ги охрабрите младите да пишуваат за нивните проблеми и да бидат креативни во презентирање на решенија или предлози за подобрување на состојбите.

Рокот за испраќање текстови за вториот број е 12 јануари, 2015 година. Текстовите можат да се испраќаат на е-пошта mladinskimagazin@mhc.org.mk, при што треба да се запазатследните правила на пишување:

-Текстовите да се напишани во ворд документ (word.doc), со фонт калибри, 12, со наслов и структура на текст. Бројот на максимални страници да се движи од 3 до 4.

-Автори/ките на текстовите треба да наведат име и презиме. Фотографијата не е задолжителна.

-Не е дозволен плагијаризам или било каква друга повреда на авторски права. Авторите да се погрижат за цитирање на изворите на информациите, фото и видео материјалите кои се придружен материјал на текстовите.

-Не е дозволен говор на омраза или текстови со навредлива содржина по сите основи предвидени со Кривичниот законик на РМ и меѓународно законодавство.

-Е-магазинот поддржува видео и фото материјали да бидат дел од текстовите. За таа цел од Хелсиншки ги охрабруваат сите заинтересирани да бидат креативни и да подготват информативен текст, став, колумна, истражување, поезија, вест итн. поврзани со младите и човековите права и слободи кои визуелно ќе бидат збогатени. За видеата треба да се испратат линковите, со назначено место во текстот каде да бидат внесени. Истото треба да се направи и кога се испраќаат фотографии.

-Е-магазинот би сакал да поддржи текстови објавени на литературен мајчин јазик на сите заедници. Сите текстови кои се испраќаат може да бидат напишани на мајчиниот јазик и на македонски, или да се обезбеди превод на англиски јазик. За текстовите на македонски јазик исто така е потребен превод на англиски јазик.Ако нема можност да се направи превод, ова треба да се наведе при испраќање на текстот со цел Комитетот да ги преведе текстовите навремено.

Зад магазинот стои уреднички тим од млади членови и вработени во Комитетот и текстот може да претрпи граматички или лексички промени во комуникација и одобрение од авторот.

Дополнителни информации, прашања или мислења на: е-пошта mladinskimagazin@mhc.org.mk.