Хелсиншки: Граѓански права во полициската постапка

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ нуди бесплатна правна помош и застапување од адвокат за сите граѓани кои се повикани на информативен разговор во полиција поради учество во протестите. За таа цел функционира нивниот бесплатен телефонски број 0800 66 66 6.

Од Хелсиншки појаснуваа дека при примената на полициските овластувања повикување, лишување од слобода приведување и задржување, полицискиот службеник мора веднаш:

-Да ве извести на јазик кој го разбирате, за причините за повикувањето, лишување од слобода, приведувањето или задржувањето;

-На јасен начин да ве поучи за: правото да се браните со молчење; правото да се советувате со бранител; правото на лекарска помош доколку ви е потребна; правото да известите член на вашето семејство или друго блиско лице; право да предлагате сведоци и докази во ваша корист; правото на преведувач и толкувач доколку не го зборувате македонскиот јазик.