HelpMark.me: Мобилна апликација за помагање на поплавените семејства

Со цел да помогне на лицата во погодените региони во поплавите, но и за полесно координирање на волонтерските акции, екипата на „Systems4Enterprise“ ја создаде мобилната апликација „HelpMark.me“.

Апликацијата овозможува секој корисник да пријави дека има потреба од помош на локацијата на која се наоѓа. Барањето помош е анонимно, за да се надмине срамот и зачува приватноста на корисникот.

„Прегледај каде има потреба и одбери каде ќе помогнеш. Ако избраниот маркер не успееш да го опслужиш во рок од 12 часа, маркерот се враќа во статус “потребна помош”. Во моментот кога потребата ќе е опслужена, маркерот се брише од мапата. Тоа може да се направи само од локацијата каде маркерот е поставен“, се вели во појаснувањето за користење на апликацијата.

Апликацијата е слободна и може да се преземе на следниот ЛИНК.