Hello World – Промоција на деби албумот на Stoned Hedge

На 28 мај на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, македонскиот инди-рок бенд Stoned Hedge ќе го промовира својот прв албум.

Албумот насловен како „Hello World“ е продуциран во Студио 1060 на Дени Крстев, а како издавач се запишува Password Production.

Настанот ќе започне во 19 часот, а е планиран во формат на слушачка промоција со многу дружење и слушање на албумот во лабава атмосфера.

,,Доколку ви се допаѓа нивната музика, ќе имате можност да го поддржите бендот преку купување на merch-от кој што ќе биде изложен на настанот. Дојдете, поддржете македонска авторска музика и уживајте во убавата енергија на овој нов бенд”, се вели во најавата за настанот.

Stoned Hedge го сочинуваат Ангела Маринковска – вокал, Исмаил Камбери – гитара, Дејан Томовски – бас и Марко Стојчевски – тапани.