ХБО од догодина ќе се гледа и без кабелска

Од почетокот на на следната година, луѓето ширум светот ќе можат да уживаат во квалитетниата програма и во продукцијата на популарниот канал ХБО (HBO) без кабелска претплата. Сите содржини на ХБО ќе бидат понудени преку стриминг на интернет.

ХБО од догодина ќе се гледа и без кабелска

Извршниот директор на компанијата Ричард Преплер потврди дека ХБО планира да воведе пакет услуги кој ќе ги заобиколи кабелските оператори и ќе им овозможи на корисниците да не мораат да имаат класична претплата.

Оваа услуга најпрво ќе им биде достапна само на корисниците во САД (од почетокот на идната година), а потоа и во целиот свет. „Овој потег ќе ја трансформира нашата компанија“, вели Преплер, кој не прецизира какви ќе бидат пакетите за интернет корисниците и каква ќе биде разликата во цената.

Компанијата долго време одбиваше да се „разведе“ од кабелските оператори, а овој потег се гледа како директен влез на пазарот на Нетфликс, сервис кој со години нуди содржини исклучиво преку интернет.