ХБО ќе снима „спин-оф“ серии на „Игра на тронови“

Телевизијата ХБО потврди дека тим на сценаристи и креаторот на „Игра на тронови“, работат на идеи за „спин-оф“ серии кои би траеле со години.

Шпекулациите за нови потенцијални серии чие дејство ќе се случува во имагинарниот Вестерос се зголемуваа како што серијата, која е најгледана во историјата на ХБО, стигнува до последните две сезони. Кабелската компанија вчера потврди дека четирите писатели моментално работат на сценарија.

Џорџ РР Мартин, автор на оригиналните книги на кои е основана серијата, ќе им се придружи на сценаристите Макс Боренстин (Kong: Skull Island), Брајан Хелгеланд (Mystic River), Џејн Голдман (Kingsman, Kick-Ass) и Карли Вреј (Mad Men).

„Ќе се задржиме колку и да им треба време на писателите, и како што приказните се развиваат ќе процениме што имаме кога ќе ги завршат скриптите“, изјавил портпарол на ХБО.

Извршните продуценти на „Игра на тронови“, Ден Вајс и Дејвид Бениоф ќе ја продолжат функцијата на извршни продуценти, но нема повеќе да пишуваат епизоди.

Во меѓувреме, Мартин зборуваше за потенцијални нови серии.

„Има осум милиони приказни во Вестерос, и уште повеќе во Есос и во земјите подалеку од тоа. Уште цел еден свет на приказни, кои чекаат да бидат раскажани“.