#HashtagDay: Твитер го прославува роденденот на хаштагот

Денес е 11-тиот роденден на хаштагот. За да го одбележи овој ден, Твитер повика да биде прогласен за меѓународен ден на хаштагот – #HashtagDay.

Хештагот е „роден“ на Твитер на 23 август 2007 година. Во последните 11 години еволуираше во секојдневие во онлајн говорот. Со менување на природата на онлајн комуникацијата, хаштагот стана еден од највлијателните симболи на дигиталната ера.

На глобално ниво, во просек, 125 милиони хаштагови дневно се користат на Твитер. Тие им помагаат на корисниците да видат што се случува во светот и да ги истражат најактуелните теми што се пишуваат и зборуваат.

На овој ден пред 11 години, Крис Месниа објави твит со хаштагот #barcamp. Тој е првиот хаштаг што некогаш е употребен на Твитер.

Со користење на Твитер и хаштагот, Интернет корисниците направија свој микрофон, со кои ја обликуваат културата и го менуваат светот.

Од многуте интересни моменти кои засмејуваат, важни настани што го потресуваат светот, па се до инспирација за солидарност во заедницата – хаштагот го поврза светот на Твитер.