Харви Вајнштајн е осуден на 23 години затвор поради силување

Поранешниот холивудски титан е осуден во Њујорк поради силување на една и присилен орален секс врз друга жена.

Харви Вајнштајн е прогласен за виновен поради силување на жена, чиј идентитент е таен, како и присилен орален секс врз продукциската асистентка Миријам Хејли. Доколу се спојат двете максимални затворски казни, најстрогата казна би била 29 години затвор.

Двете главни обвинувачки и уште четири сведоци од судењето; актерката од „Сопранови“ Анабела Скиора, Даун Данинг, Тарала Вулф и Лорен Јанг, присуствувале на судењето како обединета група, седејќи во првиот ред заедно со Сајрис Венс, окружниот адвокат од Њујорк кој го води обвинителството.

Вајнштајн во судницата влегол со помош на инвалидска количка. Малку подоцна, во судницата пристигнале и Џоди Кантор и Меган Твохеј, репортерките од „Њујорк Тајмс“ кој ја обелоденија приказната за Вајнштајн, поттикнувајќи го движењето „#МеТоо“.

„Вајнштајн ми го одзеде моето достоинство како човечко суштество и како жена. Тој ја уништи мојата самодоверба и верба во себеси“, истакнала Миријам Хејли во изјавата на жртва која била прочитана во судницата.  Таа додала дека се почувствувала осамено додека поминувала низ траумата, без да знае дека постоеле и други жени кои го доживеале истото злоставување.

Во својот исказ, жртвата на силување истакнала дека конечно го пронашла својот глас. „Време е луѓето кои силувале други луѓе да платат со својот живот и за животите кои ги уништиле“, додала Хејли.

И двете главни обвинителки побарале обвинетиот да биде осуден на максималната затворска казна.

Откако беше осуден, Вајнштајн се преместувал помеѓу осигуреното крило на болницата „Белвју“ на Менхетн, каде што имал операција на срцето и „Северната болница“ на островот Рикерс. Неговиот портпарол, Џуда Енгелмаер, изјавил дека Вајнштај бил депримиран, но истовремено се обидувал и да биде оптимистичен.

„Вајнштајн имаше многу време да размислува за својот живот и да биде понизен, но тој мисли дека ова ќе биде долга и напорна битка“, додал Енгелмаер.

Во донесувањето на својата одлука за изрекување казна во Врховниот суд во Њујорк, судијата Бурк морал да мери многу спротивставени аргументи за природата на кривичните дела на паднатиот филмски магнат. Неговите адвокати за одбрана предводени од Дона Ротуно тврделе дека „извонредните достигнувања“ на Вајнштајн требало да бидат земени предвид како ублажување и повикале на најлесна можна казна затвор од пет години.

Главната обвинителка, Џоан Илузи-Орбон, од друга страна, повикала на казна што ќе одговара на неговото сексуално однесување. Таа истакнала дека „Вајнштајн постојано ги напредувал своите сопствени жестоки желби и фиксации во однос на благосостојбата на другите“.

По пресудата, Вајнштајн ќе влезе во лавиринтите на државниот оддел за корекција во Њујорк. Тој потоа ќе биде одведен во прифатилиштето во Фишкил, Њујорк, за подоцна да биде префрлен во затвор во горниот дел на Њујорк.

Откако ќе влезе во затворскиот систем, на Вајнштајн ќе му се прикаже видео за превенција од самоубиство. Овој дел од процедурата ќе биде одблиску набљудувана бидејќи во Њујорк сѐ  уште постои тензија откако сексуалниот предатор Џефри Епстајн се самоуби во федералниот затвор на Менхетн.

Вајнштајн исто така индицирал дека имал самоубиствени мисли во документи кои биле објавени оваа недела.

За да му ги одвлечат мислите, откако паднала првата пресуда, веќе е предложено поднесувањето на жалби. Адвокатите на Вајнштајн веќе истакнале дека тоа им е во план, а нивната стратегија главно се базирала врз поставување на „законски“ сопки.

Сѐ уште остануваат бројни легални битки. Законодавните служби во Лос Анџелес сѐ уште поткренуваат активни криминални случаи против Вајнштајн во врска со два сексуални напади во 2013 година, а неколку жени продолжуваат да покренуваат обвиненија против него.

Извор: Guardian