Харвард ја награди за хуманост 16-годишната Пакистанка што преживеа атентант

Девојката од Пакистан, Малала Јузафзаи (Malala Yousafzai), која едвај го преживеа обидот за атентат од страна на Талибанците, беше прогласена за хуманитарен работник на годината од универзитетот Харвард  Harvard University‘s humanitarian of the year.

Харвард ја награди за хуманост, 16-годишната Пакистанка што преживеа атентант

Како што објави Гардијан, Malala Yousafzai која е голем поборник за образованието на младите жени наградата за хуманитарна работа- Peter J Gomes,  ја прими од самиот претседател на Харвард, Дру Гилпин Фауст кој изјави дека му претставува големо задоволство што делат исти ставови за образованието.

16-годишната Малала беше застрелана во глава во октомври минатата година бидејќи јавно ги критикувала Талибанците, а не поради нејзините ставови за неопходноста на образованието. Таа се надева дека ќе стане политичар, бидејќи како што вели, политичарите можат да имаат посилно влијание во општеството.

За време на доделувањето на наградата Малала носталгично зборуваше за нејзиниот дом и изјави дека искрено се надева оти еден ден ќе може повторно да се врати назад. Својот дом го нарече рај, но додаде дека сега е опасна зона каде воените структури разнеле голем број училишта. Истите овие луѓе, вели таа, постојано се обидувале да ги обесхрабрат девојките да не одат на училиште, додека учениците постојано ги криеле своите книги под нивните шалови за да не знаат дека одат на училиште.

„Таканаречените Талибанци се плашат од моќта на жената и се плашат од моќта на образованието“, истакна Малала пред стотици студенти и членовите на факултетот во Театарот Харвард Сандерс и додаде дека мал број на луѓе зборуваат против она што вистински се случува во нејзината земја.

За време на нејзиниот говор, Малала го опиша нејзиното будење по обидот за атентат во Пакистан, кога е донесена во болница во Велика Британија.

„Кога бев во Бирмингем, не знаев каде сум, не знаев каде се моите родители. Воопшто не знаев кој и зошто ме застрела. Меѓутоа му благодарам на бога што сум жива“, пишува Гардијан.