Харвард евакуиран по дојава за бомби поставени во четири универзитетски згради

Халата Sever, една од зградите во кои наводно е поставена бомба

Студентите на универзитетот Харвард утринава по локално време се итно евакуирани, откако управата добила информација дека во четири универзитетски згради е поставен експлозив. Полицијата го обезбедува кампусот и ги проверува информациите за поставени бомби, за кои се уште нема потврда. Според дојавата што ја добило раководството на универзитетот, бомби се поставени во Научниот центар, како и во халите  Thayer, Sever и Emerson.