„Hardfaced“ со роденденски концерт во МКЦ за 15 годишнината од првиот концерт

По повод 15 годишнината од својот прв концерт, вечерва (16 февруари) во Младинскиот културен центар во Скопје е најавен концерт на „Hardfaced“, на кој ќе учествуваат повеќе бендови.

„Оригинални членови на бина, другари бендови, широка сет листа од стари песни и воедно последна шанса да ги гледате и чуете во живо пред да излезе новиот албум“, стои во најавата за концертот.

Специјални гости се „Last Hope“ (Софија, Балкански хардкор легенди), „TrendKill“ (Скопски предградија, треш/хардкор), „Unending Fury“ (Скопски треш, конечно концертна промоција на деби албумот) и „Conspiracy“ (свежа метал крв од Скопје).

МКЦ Скопје ги отвора вратите вечерва во 19:00 часот.

19:30 – 20:00 Conspiracy
20:15 – 20:45 Unending Fury
21:00 – 21:30 Trendkill
21:45 – 22:15 Last Hope
22:30 – 23:20 HARDFACED