Хакирање на Јаху погоди 500 милиони корисници, се сомневаат дека се работи за државно шпионирање

Јаху потврди дека можен „државно спонзориран актер“ украл информации поврзани со повеќе од 500 милиони корисници.

Информациите се состојат од имиња, имејл адреси, телефонски броеви, датуми на раѓање и лозики, но можеби не вклучува незаштитени лозинки, податоци за плаќање со картичка или информации од сметка во банка, вели технолошкиот гигант.

Јаху вели дека хакирањето се случило кон крајот на 2014 година. Информациите објавени од компанијата не индицираат која влада го спровела нападот.

Експертот за сајбер безбедност Греам Клули изјавил за The Independent дека има голем број на државни ентитети кои би можеле да стојат зад нападот, а Јаху мора да објави повеќе податоци за да може да се одреди кој е виновен.