Хакиран системот за синхронизација на Опера, 1,7 милиони корисници имаат сменети лозинки

Од Опера објавија дека алатката за синхронизација на прбарувачот била хакирана, а податоците на нивните корисници се „компромитирани“. Како безбедносна мерка, норвешката фирма за софтвер ги принуди сите корисници да ги сменат своите лозинки.

Синхронизацијата на Опера им овозможува на корисниците да работат поврзано преку десктоп, мобилни и таблети. Компанијата вели дека серверите биле неодамна нападнати и иако „брзо ги блокирале тие напади“, веруваат дека лозинките и сите информации на корисничките сметки треба да се променат.

Поради тоа, го ресетирале пасвордот на сите синхронизирани сметки на Опера, и апелираат од корисниците да се „одлогираат“ од други уреди, бидејќи лозинката може да остане запаметена.

Пребарувачите на Опера имаат повеќе од 350 милиони корисници на десктоп и мобилни уреди, но само 1,7 милиони луѓе ја користат алатката за синхронизација. Со тоа, се претпоставува дека мнозинството корисници на Опера не се загрозени од хакирањето.