Хакиран профилот на извршниот директор на Твитер, Џек Дорси

Извршниот директор Џек Дорси е новата „жртва“ на хакерската група OurMine Security, која ги презеде неговите профили на Твитер и Вајн.

Станува збор за истите хакери кои претходно го нападнаа извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг и директорот на Гугл, Сундар Пичаи. Овој пат, OurMine објавија неколку Вајн видеа преку профилот на Дорси, кои потоа беа објавени на неговиот Твитер.

Хакерите велат дека причината поради која ги напаѓаат директорите на познатите социјални мрежи е да „ја тестираат безбедноста на сите корисници“.

Како и претходните хакирања спроведени од OurMine Security, самиот Твитер не бил извор на нападот. Овој пат, хакерите добиле пристап до Твитер преку Вајн. Претходно, успешно успејаа да ги нападнат Birly и Quora.

Сепак, овој напад е срамен за Твитер, бидејќи е сопственик на самиот Вајн, пишува Guardian. Многу корисници на Вајн се логираат преку Твитер, што им овозможува да ги штитат своите профили преку истата апликација.

За да се заштитат од слични хакирања, корисниците треба да се осигураат дека нивните профили на социјалните медиуми се соодветно заклучени и имаат безбедни лозинки, но и да имаат одделни профили на различни мрежи.