Хакери ја тужат германската влада поради прислушувањето на NSA

Група компјутерски хакери и борци за заштита на човековите права од Германија соопшти дека  ќе поднесе тужба против германската влада за помагање на странски шпиони.

Во соопштенијата на „Каос компјутер клуб” и Меѓународната лига за човекови права се наведува дека овие организации поднеле тужба во која се тврди дека германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината влада го толерирале шпионирањето и дури и помагале на американската Државна безбедносна агенција (NSA) и британската известувачка агенција (GCQ) во шпионирањето на германските граѓани, пренесуваат агенциите.

Како доказ за овие тврдења, споменатите организации ги наведуваат документите кои во јавноста ги објави поранешниот американски известувач Едвард Сноуден, а кои укажуваат на масовното шпионирање ширум светот, спроведено од NSA.

Во соопштението се наведува дека таа тужба би требало да поттикне „неопходна истрага на федералното обвинителство”, поради тоа што германски официјални претставници и странски шпиони прекршиле германски закони.

Германското државно обвинителство веќе неколку месеци ја разгледува можноста околу покренување на истрага за активностите на американската NSA.

Извор: Макфакс/ABC