Хакери ја нападнаа електронската пошта на Yahoo

YahooYahoo Mail беше мета на хакерски напад соопшти aмериканската компанија.  Од Yahoo синоќа ги информираа своите корисници дека се украдени податоци за кориснички имиња и лозинки од системот за електронска пошта.

Целта на нападот бил да се соберат лични информации за луѓето со кои корисниците на Yahoo контактирале преку електронската пошта во последниот период.

Засега не се соопштува бројката на украдени податоци со кориснички имиња и лозинки при хакерскиот напад, но компанијата нагласува дека соработува со безбедносните органи за да бидат пронајдени напаѓачите.

Од Yahoo појаснуваат дека се  ресетирани хакираните лозинките, а било пратено и известување до оштетените корисници, јавува CNN.