Хакатон за „Студентски живот“ на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип

Во рамките на Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“, на 14 и 15 ноември ќе се одржи 24-часовен студентски хакатон. Студентите кои ќе се пријават ќе креираат компјутерски или мобилни апликации на тема „Студентски живот“.

На конкурсот за учество можат да се пријават сите заинтересирани студенти заедно со своите тимови . Учесниците можат да изработуваат различни апликации, како на пример апликација за наоѓање партнер за учење, апликација за планер за журки, апликација за менаџирање на финансии итн.

Пријавувањето се врши во тимови од по 2 до 5 члена. Апликацијата може да биде изработена за било која платформа.  Формуларот за пријавување треба да се испрати на:studentski.hackathon@gmail.com, најдоцна до 7 ноември.

Формуларот за пријавување и сите дополнителни информации можат да се најдат на Фејсбук настанот на линкот:https://www.facebook.com/events/1232345476791748/.

По завршувањето на хакатонот секоја екипа ќе има можност да ја презентира изработената апликација. За најдобриот ќе има симболична награда. Хакатонот ќе се одржи во просториите на Факултетот за информатика при УГД во Штип.