#ПочниСоВодно е наречена хајкерско-бајкерската иницијатива за искачување на врвот на Водно која ќе се одржи во четврток, 31-ви мај.
Иницијативата е организирана од бајкерско – хајкерска коалиција, Macedonian Bike Riders, Друштво неозбилни велосипедисти и I love hiking – Македонија, а на врвот е најавена забава со Mj George.
„Се што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 18:00 часот пред Кочо Рацин. Да си земеш ранец во кој ќе има 1л вода. Некој шушкавец или тенка јакна за на врвот. Да се пресоблечеш горен дел – алишта. Да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка.
Челна ламба или било какво светло кое ќе ти го осветлува патот. Осветлување напред и позади за точаците. И тоа е се. За се друго ќе се погрижиме ние“, порачуваат организаторите.
Хајкерите задолжително треба да понесат челна ламба, додека бајкерите треба да имаат предно и задно светло и кацига. Секој од учесниците си носи храна со себе и барем еден литар вода.
Повеќе информации може да најдете на фејсбук-страната на настанот.