Хајао Мијазаки ќе ја прекине пензијата за уште еден, последен филм

Коосновачот и режисер на цртаните филмови на Студио Гибли, Хајао Мијазаки, објави дека ќе се врати во студиото иако е пензиониран, за да сними уште еден филм.

Наредниот проект на Мијазаки ќе биде негов последен, а за прв пат ќе користи и CGI анимација. Досега работеше на CG краткометражниот филм „Гасеницата Боро“ (Kemushi no Boro), кој требаше да се прикажува во Музејот на Студио Гибли во Токио. Сепак, режисерот објави дека не е задоволен од филмот и планира да го претвори во долгометражен проект.

Моментално соработува со продуцентот и негов долгогодишен соработник Тошио Сузуки, моменталниот претседател на Гибли. Сузуки признава дека Мијазаки има проблеми да се прилагоди на техниките на CGI анимацијата, после целоживотна кариера со рачно нацртани филмови.

Иако режисерот повеќе пати објави дека планира да се пензионира, во 2013 година официјално се повлече од филмската индустрија, предавајќи ги продукциските права на помладите вработени во студиото. Продолжи да се концентрира на проектите како Музејот на Студио Гибли, а објави и неколку нови манги.