[Ѓурѓа] Нежна е ноќта – Скот Фицџералд

[Ѓурѓа] Нежна е ноќта – Скот ФицџералдНежна е ноќта oд Скот Фицџералд е возбудлив роман за младите американски богаташи, за нивните амбиции и за љубовните и душевните кризи со кои немаат смелост да се соочат.

Нивниот гламурозен боемски живот, кој се одвива главно во монденски одморалишта и ресторани, е фасада зад која се кријат длабоки психолошки проблеми, кои авторот ги пресликал од сопствениот живот. Пропаднати музичари, актерки, сценаристи, продуценти, лекари – сите тие се само статисти на големата сцена на животот, се наведува во краткиот опис на романот во издание на издавачката куќа Ѓурѓа.

Скот Фицџералд е американски романсиер и новелист, припадник на т.н. изгубена генерација, кој ја обележал „ерата на џезот“. Тој е еден од најголемите писатели на 20тиот век. Ги објавил збирките раскази „Приказни од времето на џезот“ и „Сите тажни млади мажи“ (најпознати му се расказите „Чудниот случај на Бенџамин Батон“ и „Дијамант голем колку Риц“) и романите „Убави и проколнати“, „Големиот Гетсби“, „Оваа страна на рајот“, „Нежна е ноќта“ и „Последниот магнат“, недовршен и објавен постхумно. Починал од инфаркт на 44 години.