[Ѓурѓа] „Мисија: Во потрага по љубовта“ од Миле Костов

[Ѓурѓа] Мисија: Во потрага по љубовта - Миле Костов Во романот „Мисија: Во потрага по љубовта“ од Миле Костов се зборува за пронајден текст кој ги открива тајните операции на Пентагон во Сирија, Иран и на Балканот. Таинствениот ракопис ја предвидува иднината.

Една амбициозна девојка се вплеткува во заткулисните игри на елитата која управува со светот. Има ли шанса во конфронтанцијата со професионални тајни агенти, моќни масонски организации и нова вонземска раса која се стреми да го загосподари светот? Може ли да се успее во борба без правила и морал, кога целта ги оправдува сите средства? Борба во која влогот е пострашен од губењето на животот. Многумина се во потрага по тајните моќи. А таа потрага води до Вистината, која полека излегува на површината. Романот е фантастична авантура што ќе ве држи напнати од почеток до крај.

„Мисија: Во потрага по љубовта“ ја доби наградата Ѓурѓа 2012 за најдобар роман. Годинава влезе во вториот круг за 15. по ред награда „Роман на годината“ на „Утрински весник“ за 2013 година.

Миле Костов е роден во 1972 година, во Велес. Завршил Економски факултет во Скопје. Работи во винската индустрија, во Македонија и во странство. Досега ги има објавено романите „Воини на светлината“ и „Древната формула“, како и расказите „Скулптор“, „Ipse Dixit“, „Записите од дводимензионалниот свет“.