[Ѓурѓа] Фани Хил – Џон Клеланд

Фани ХилКонтроверзна, сладострасна, максимално искрена – Фани Хил е книга која нема да ве остави рамнодушни.

Секоја нејзина страница ве провоцира со својата еротска приказна за животниот пар и телесните наслади на Фани Хил, девојката со необична судбина која на крајот ќе им се врати на вистинските доблести. Првата британска „порнографска“ книга која на времето била забранета поради својата „непристојна“ содржина, денес се смета за најеротскиот роман во историјата на човештвотот.

Џон Клеланд пишувал и драми, поезија, лингвистички и политички расправи, но останал запаметен токму по Фани Хил. Пораснал во имотно семејство кое имало контакти со писателските и артистички кругови во Лондон. Меѓу 1729 и 1740 година работи во британската Источноиндиска компанија во Бомбај.

Се враќа во Англија, пропаѓа и затворен е поради долгови. Тогаш и ја пишува Фани Хил и ја објавува во два дела, што е причина за ново обвинување против него. Но романот станал толку популарен што се појавиле продолженија од анонимни автори и постојано се издавале нови, нелегални верзии.