[Ѓурѓа] Дамата со камелии – Александар Дима Синот

Дамата со камелии е роман-сведоштво за моќта на љубовта, која не знае за никакви граници и која може од корен да го смени човековиот живот.

[Ѓурѓа] Дамата со камелии - Александар Дима Синот

Младиот Арман ќе ја засака убавата куртизана Маргерита и заради неа ќе ги запостави кариерата и семејството, вложувајќи го целиот свој живот во таа љубов. А Маргерита, која никогаш претходно не љубела без да и се плати, открива нов волшебен свет во неговите прегратки. И токму кога се чини дека тешката болест е победена и кога се исковани плановите за заедничката иднина, работите тргнуваат надолу.

Александар Дима Синот е француски романсиер и драматург, член на Француската академија на науките, добитник на орденот Легија на честа. Бил вонбрачен син на познатиот романсиер Александар Дима (кој подоцна го признал), и тоа го обележало неговиот живот со многу болни искуства. Сиромашниот и љубоморен Дима околу две години бил во љубовна врска со убавата куртизана Мари Диплеси, која на крајот умрела од туберкулоза – приказна која ќе го инспирира неговиот најпознат роман Дамата со камелии. Други познати дела му се драмите Полусвест, Незаконски син, Дениза, Камило, како и романот Аферата Клемансо.