Гугл работи на нов оперативен систем наречен „Fuchsia“

Гугл започна да работи на сосема нов оперативен систем, чие име е „Fuchsia“. Во моментов системот е само „куп кодови“ и има многу интересни алатки, но Гугл треба штотуку да објави која е намената на новиот систем.

Fuchsia веројатно постои за да ги „унифицира“ оперативните системи Chrome и Android во единствен оперативен систем (план кој беше најавен минатата година, а новиот оперативен систем беше најавен за 2017 година), пишува Verge. Други сметаат дека може да се искористи за да се напојува хардвер како OnHub рутерот на Гугл и други уреди.

Ова се само шпекулации, а единствениот опис кој го има за Fuchsia досега е „Pink + Purple = Fuchia (нов оперативен систем)“.