„Гугл“ преку „Фабрициус“ овозможува дигитален превод на хиерогрифи  

„Гугл“ претстави дигитален преведувач на хиероглифско писмо, кој користи машинско учење за да ги декодира древните египетски знаци, објави Би-Би-Си.

Оваа функција е додадена во постоечката апликација на „Гугл“, Уметност и култура (Arts & Culture app). Исто така, им овозможува на корисниците да преведат свој збор и емотикони што можат да се споделат на социјалните мрежи.

„Гугл“ наведува дека т.н. „Фабрициус“ е првата таква алатка што се надградува со примена на машинско учење за да може да ги разбере хиероглифите.

Во теорија, платформата треба да се подобрува со текот на времето, како што луѓето ја користат.

Верзија на „Фабрициус“ им се нуди и на професионалните египтолози, антрополози и историчари за да ја искористат во нивните истражувања.

„Иако е импресивен, системот сe’ уште не е на ниво што може да ја замени потребата од високообучени експерти за читање на антички натписи“, рече доктор Роланд Енмарх, професор по египтологија на Универзитетот во Ливерпул.

„Остануваат некои големи пречки за читање на хиероглифите, бидејќи тие се рачно изработени и многу се разликуваат со текот на времето. Сепак, ова е чекор во правилна насока“, додаде тој.