Гугл направи мапа на историјата на музиката

Гугл неодамна се обиде да ги следи симнувањата на музика на своите корисници. Повеќемина би се запрашале што прави пребарувачот со овие податоци?

Гугл направи мапа на историјата на музиката

Повеќе работи, но очигледно дека една од нив е креирањето на богата и интерактивна мапа на еволуцијата на музиката, преку визуелизирање на албумите од најразличните периоди.

Преку мапата може да се погледнат најразлични информации за артистите и нивната дискографија, комплетирано со неколку параграфи за нивната работа. Доколку сакате прилично детално може да истражувате и албуми од огромната база во која има секакви жанрови.

Погледнете ја интерактивната музичка мапа на следниот линк.

Извор: io9.com