Гугл ја снима вашата локација дури и кога не сакате

Гугл сака да знае каде се движите толку многу што ги снима патувањата дури и кога корисникот експлицитно кажуваш дека не дозволува. Истрагата на Асошиетед прес (АП) откри дека многу Гуглe услуги на Андроид уреди и Ајфон телефони ги зачувуваат податоците за локацијата, дури и ако се користат поставки за приватност што треба да го спречат Гугл во оваа намера.

Истражувачите по информатички технологии на Принстон ги потврдија овие наоди на барање на АП.

Во најголем дел, Гугл однапред треба да побара дозвола за да ги користи информациите за локацијата. Апликацијата како „Гугл мап“, ќе ве потсети дека треба да дозволите пристап до локацијата ако ја користите за навигација. Ако се согласите да ја запамети вашата локација,  „Гугл мап“ ќе ја прикаже таа историја за вас на „тајмлајнот“ кој ги прикажува вашите дневни движења.

Зачувувањето на вашите патувања во секој момент носи ризик за приватноста, но се користи и од страна на полицијата за да се утврди локацијата на осомничените. Сепак, компанијата ќе ви дозволи да ја „паузирате” поставката наречена „Историја на локација“/Location History. Гугл вели дека со ова веќе нема да памти каде сте биле. Страницата за поддршка на Гугл, за оваа тема исто така пишува:„Историјата на локација може да ја исклучите во секое време. Кога ќе се исклучи, местата каде што одите веќе не се зачувуваат. ”

Но, тоа не е вистина. Дури и со паузираната „Историја на локација“ , некои апликации на Гугл автоматски зачувуваат вакви податоци без да прашаат.

На пример, Гугл зачувува слика од тоа каде сте, штом ќе ја отворите апликацијата „Гугл мап“. Автоматските дневни ажурирања на времето на Андроид телефоните даваат приближна локација. И некои пребарувања кои немаат никаква врска со локацијата, како што се „колачињата“ точно ја прецизираат  географска ширина и должина на квадратот на кој сте и ја зачуваат на вашиот профил на Гугл.

Прашањето за приватноста таргетира околу 2 милијарди корисници на уреди кои го користат гугловиот оперативен софтвер Андроид, како и стотици милиони корисници на светот на Ајфон, кои се потпираат на Гугл за мапи или пребарување.

Зачувувањето на податоците за локацијата кога не се почитуваат барањата на корисникот е погрешно, вели Џонатан Мајер, компјутерски научник во Принстон. Истражувач од лабораторијата на Мајер ги потврди наодите на АП за повеќе уреди со Андроид; АП пак спроведе сопствени тестови на неколку Ајфони кои го докажаа истото однесување.

„Ако им дозволите на корисниците да исклучат нешто што се нарекува „историја на локација“, тогаш сите места што ја зачувуваат локацијата треба да бидат исклучени“, вели Мајер.

Гугл негира.

„Постојат неколку начини на кои Гугл може да ги користи информациите за локација за да го подобри искуството на луѓето, како: Историја на локација, Активноста на веб и апликации, како и преку Сервисите за  локација на ниво на уредот“, изјави портпаролот на Гугл за АП.