Гугл: „Исламската држава“ треба да се отстрани од интернетот

Шефот на одделот за идеи на Гугл, Jared Cohen, изјави дека ткн. „Исламска држава“ треба да се отсече од интернетот, за да се спречи да ја шири својата пропаганда.

Cohen вели дека нема да биде можно да се запрат терористите како членовите на ИД да го користат безбедниот браузер Тор и ткн. „длабок веб“, но клучот за запирање на онлајн-пропагандата на терористите е нивно исклучување од традиционалниот интернет, кој се индексира од сервисите за пребарување.

„Сега тие оперираат без проблем, користејќи го истиот интернет што сите го користиме. Секој наш успех во борбата со нивната пропаганда ќе значи дека тие мора да бидат ограничени само на ‘длабокиот веб’“, вели Cohen.

Пропагандата на „Исламската држава“ досега беше многу ефективна во ширењето информации онлајн. Речиси секојдневно, ИД ги споделува видеата од егзекуции на противници, а терористите немаа ниту проблем да ги користат актуелните трендови на социјалните мрежи, вклучително и хаштаговите, за да ги шират своите пораки. Според експертите, онлајн-присуството на ИД е позначајно и поголемо отколку нејзината физичка големина во Сирија и околните земји.