„Гугл“ ги предизвика кинеските власти

Компанијата „Гугл“ почна да ги шифрира сите пребарувања на неговиот пребарувач извршени од клиентите во Кина, со што упати отворен предизвик до кинеските власти, објави весникот „Вашингтон пост“.

„Гугл“ ги предизвика кинеските власти

Мерката ќе им попречи на кинеските власти да го блокираат пребарувањето на „деликатни“ зборови и сентенци, како Далај лама или плоштадот Тјенанмен.

Како што пренесе ДПА, мерката е дел од поголемите напори на „Гугл“ да ги спречи обидите на владите низ светот да вршат онлајн следења на комуникациите.

„Гугл“ од 2012 година ги шифрира сите свои пребарувања во САД.

Компанијата, исто така, почна да го шифрира целиот сообраќај меѓу своите центри со базата на податоци како одговор на откривањето на програмите за електронско следење на американската Агенција за национална безбедност.

Мерката кон Кина може да предизвика судир меѓу „Гугл“ и кинеските власти, кои Интернетот го држат под строга контрола.