„Гугл“ донираше 150.000 долари во бесплатни реклами на лажни групи против абортус

„Гугл“ донираше десетици илјади долари во бесплатни реклами на група која е против абортус. Групата „Обрија“ ги рекламира своите услуги за абортус во нивните медицински клиники, но тие всушност имаат за цел да ги предомислат жените кои се одлучиле да ја прекинат бременоста, објави „Гардијан“.

Имено, мрежата клиники на групата „Обрија“, финансирана од католички организации, доби рекламен грант од 120.000 долари од „Гугл“ во 2015 година. Истити во 2011 добиле околу 32.000 долари. Ваквите грантови се наменети за поддршка и развивање на непрофитните организации низ светот.

„Гугл“ се соочи со бројни критики за рекламниот грант на „Обрија“, откако групите поборници за абортусот открија дека „Обрија“ лажно рекламира клиники кои наводно нудат услуги за прекин за бременоста, но наместо тоа тие нуделе советување и пружале информации за алтернатива на абортусот.

Голем број од клиниките под мрежата на „Обрија“, на своите веб страници напоменаа дека вршат услуги за абортус. Но, клиниките всушност се против абортус и секаква форма на контрацепција.

Алис Халинг, советничка вклучена во непрофитната организација „Кампања за одговорност“, која се бори со скорешните промени за тоа кој тип на клиники можат да добијат средства од федералните фондови за здравствени услуги, вели дека „Гугл“ е обично првото место каде жените се информираат за непланска бременост.

„’Гугл’ не смее да дозволи на Ургентните центри за бременост да ја користат платформата за да сервираат дезинформации на бремените жени“, соопшти Халинг.

Од „Гугл“, пак, велат дека рекламните грантови се достапни на „разновидни групи кои претставуваат различни гледишта и иницијативи“ и дека тие се доделуваат на групи кои се поборници или се против абортусот.