Гудачкиот квартет „Јанкелевич“ и пијанистот Марко Чампи вечерва на „Охридско лето“

Гудачкиот квартет „Јанкелевич“ од Москва ќе одржи концерт вечерва во 21 часот во „Света Софија“ во рамките на Охридско лето. Kвартетот основан на Московскиот конзерваториум во 2006 година учествувал на многубројни фестивали и соработувал со повеќе реномирани музичари.

Гудачкиот квартет „Јанкелевич“ и пијанистот Марко Чампи вечерва на „Охридско лето“

Kвартетот е составен од врвни руски уметници – виолинистот Илја Гајсин, Александра Федотова, виолистот Михаил Рудој и виолончелистот Евгениј Румјанцев. На пијано ќе ги придружува Италијанецот Марко Чампи, добитник на многубројни награди на повеќе од 30 национални и меѓународни натпревари по пијано.

Настапувал како солист во некои од најпрестижните сали во светот. Соработувал со повеќе значајни оркестри, како Државниот оркестар на Санкт Петербург. Чампи е уметнички директор на Музичката академија во Формиј, Италија. Гудачкиот квартет „Јанкелевич“ од Москва ќе одржи концерт вечерва во 21 часот во „Света Софија“ во рамките на Охридско лето.