Тамада од Тбилиси, Грузија е новото име во програмата на фестивалот за нова музика „Здраво Млади“, чие 12-то издание е закажано за 3 септември во паркот МКЦ.
За изведувачот, од МКЦ велат дека Лаша Шапел е грузиски бегалец од Абхазија, која пораснал во Тбилиси. По десет години свирење рокенрол, се открива во електронската музика.
„Преселбата во Рига му ги проширува видиците, дека всушност и може да живее во свет во кој може да формира и обликува се по негов вкус. Во тој момент, работите стануваат кристално јасни, од правецот на градење на неговиот звук до деталите кои му се важни за неговата музика. Животниот повик го носи во Берлин, каде се соочува со острата конкуренција на локалната пулсирачка сцена, но сепак, неговиот уникатен звук го носи во најпознатите музички клубови“, се вели во најавата.
Музиката на Лаша Шапел отсекогаш содржела елементи инспирирани од неговите грузиски корени, кои тој првично ги отфрлал и избегнувал. Со текот на времето овие елементи стануваат се посилни, кулминирајќи во посебен проект наречен: Тамада.
„Спој меѓу световите на електронската музика и старата грузиска традиција. Тамада го зема своето име од ‘мајсторот за здравици и домаќинот на трпезата на секоја грузиска гозба’. Рака крената со пехар вино, приказни, песни и здравици. Кревањето на атмосферата на гозба е исто толку важно како и атмосферата која ја создава диџејот на подиумот. Неговите стихови наликуваат на древно грузиски здравици , допирајќи актуелни општествени прашања и романтичните чувства. Тамада меша многу музички стилови, акустична, како и електронска и традиционална грузиска музика. Овој препознатлив нов стил го нарекува Deep Duqan. Тамада сè уште бара и експериментира – тековен процес кој тешко дека ќе заврши“, стои во најавата.
Тамада се приклучува кон Дирхуф и Порто Морто, кои веќе се најавени за „Здрво млади 2022“. Билетите по 500 денари достапни на Билетарница МКЦ или на овој линк: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1052
Инаку, МКЦ од лани стана дел од Liveurope, првата Паневропска иницијатива што ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. #LIVEUROPE е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.