Грузиски активисти во студиска посета во Македонија

Младински образовен форум во соработка со Фондација Отворено општество на Македонија и Фондација Отворено општество на Грузија организира студиска посета на 10 активисти од Грузија, иницијатива која е поддржана од East East Partnership Beyond Border Program.

Грузиски активисти на студиска посета во МакедонијаМладински активисти и активисти од младинските организации, на петдневната организација ќе добијат прилика да се запознаат подобро со работата на македонските младински организации и искуства. Студиската посета ќе се одвива од 5 до 10 ноември кога се организирани работилници со повеќе младински организации, на различни теми: Застапување за младински прашања низ НФО, истражување, активизам и медиуми – МОФ, Водење на младински онлајн медиум и истражувачко новинарство – РадиоМОФ, Водење на студентски медиум и студентски прашања – Излез, Интеркултурна интеграција и работа во мултикултурна средина – Центар за меѓукултурен дијалог – Куманово, Поттикнување и препознавање на волонтерството – Младински културен центар – Битола, Застапување и интеграција на членови и корисници – Сојуз на извидници на Македонија, Истражување и застапување – Реактор, Визуелизација на податоци и истражување – ИДЕА и Дизајн за активизам – Кома Дизајн Студио.

Грузиски активисти на студиска посета во МакедонијаОстанати теми кои ќе бидат опфатени на студиската посета се – мобилизација на институции и граѓани за младински политики, сексуални и репродуктивни права, Застапување за унапредување на позицијата на ЛГБТ заедницата и социјално претприемништво.

На 9 ноември во 10 часот во ГЕМ Клубот (Менада) ќе се одржи тркалезна маса на која ќе се дискутира за предизвиците и можностите на младината во активизмот и ќе има претставници од Националниот младински совет, ЛГБТ заедницата, Х.Е.Р.А. и ЦИРа.

Целта на оваа студиска посета е размена на искуства и знаења меѓу организациите за да помогне развојот на младинскиот активизам во Грузија и да се зајакнат капацитетите за застапување за младински прашања на активистите во Грузија.