Групна изложба „Зелен клик“ во „Ку Ла“

Во среда (9 јули) во „Ку Ла“ ќе се отвори групната изложба „Зелен клик“ на која своите дела ќе ги изложат уметници – пријатели на единственото улично списание „Лице в лице“. На настанот, чиј почеток е најавен во 20 часот, ќе бидат наградени трите најдобри дела пријавени на повикот „Лице в лице со животната средина“.

Зелен клик

Присутните ќе имаат можност да погледнат фотографии, постери, илустрации и накит од отпад од следниве автори и авторки:
Тхе Мичо, Наташа Гелева, Драги Неделчевски,Томислав Георгиев, Роберт Атанасовски, Огнен Теофиловски, Виктор Поповски, Зоран Инадески, Георги Равански, Mei Ro (Сандра Јовановска и Маја Стојковска), Горан Ристовски, Филип Неделковски, Петар Видоевски, Бојана Алексиевска и Славица Панова.

На настанот, ќе биде промовираан новиот, 11. број на уличното списание „Лице в лице“, кој во фокус ја има животната средина и кој има цел да ги поттикне граѓаните да придонесуваат за зелени идеи, за зачувување и грижа за природата.