Групен приговор за екстерното до МОН и ДПИ во Тетово

Средношколскиот Пленум – Тетово денеска во просториите на подрачната служба на Министерството за образование и наука (МОН) и Државниот просветен инспекторат (ДПИ) поднесе групен приговор за пропустите и грешките во екстерното тестирање, соопштија од пленумот.

Од МОН и ДПИ – Тетово, средношколците биле информирани дека приговорот ќе биде разгледан. Пленумот ја поздрави и вчерашната средба со локалната самоуправа каде биле разгледани техничките пропусти од екстерното, а до која исто така е поднесен приговор.

Од Пленумот повторуваат дека „ тестирањето како бинго тест на среќа не може реално да го оцени вистинското знаење, а особено не тестирање на кое фалат понудени одговори, прашањата немаат точни одговори, прашања на македонски и одговори на албански и др“.