Групата „Урбани уметнички акции“ постави евро-монета во Скопје

Групата „Урбани уметнички акции“ постави скулптура на евро-монета во центарот на Скопје за да потсети дека секоја земја членка на Европската унија по прифаќањето на eврото има право на монетите да ги аплицира своите симболи.

„Водени од оваа констатација се надеваме дека набргу ќе дојде денот кога шарпланинецот, рисот, охридската пастрмка и другите нашите симболи ќе заблескаат на монеите на еврото. Со оваа акција ние како група урбани уметнички акции решивме на свој начин онака како што најдобро знаеме да ги подджиме напорите за приближување на Македонија и нејзините граѓани кон ЕУ како насока за која нема замена. Сметаме дека со оваа акција на граѓаните пластично ќе им прикажеме што значи идното членство во ЕУ и барем за момент ќе го прошараме сувопарниот предреферендумски пејзаж во Македонија“, велат уметниците.

Акцијата е дел од граѓанската акција „Зачекори напред изборот е твој ”.